<p>Улични музичари и артисти</p><p>За сабота, 30 јули  е закажана свирка со бендот - Shvaleri -<strong><br /></strong></p>


   

Овој петок, 29 јули за сите оние кои решија викендот да го поминат во Скопје, одлична забава на плоштад со бендот „Radiohat".
Radiohat се анплаг состав од Скопје, свири акустични поп/рок преработки. Често настапуваат во локалите во Скопје и други градови. Составот е склоп од членови кои настапуваат заедно и во други бендови, а го сочинуваат: Филип Исаков Џајо - (Гитара/вокал), Илија Трајковски - (Бас гитара), Дејан Которчевич Котор - (Перкусии, кахон, тапани) и Моника Ставревска - (Вокал).

       
    За овој викенд, сабота, 30 јули со почеток во 20часот, е закажана свирка со бендот „Shvaleri"
"Shvaleri" се бенд кој постои и настапува веќе шест години, и е добро познат на публиката со своите редовни настапи низ скопските куфулиња и дискотеки. Членовите на бендот имаат настапувано и на неколку скопски фестивали како
Мак Фест, Демо Фест, Скопски Фестивал и други. Бендот го сочинуваат: Драги Филиповски (вокал), Димитар Стефановски (соло гитара), Даниел Шилев (ритам гитара), Јордан Георгиевски (бас гитара) и Кристијан Лафазановски (тапани).
       
    Овој петок со почеток во 20 часот на централниот плоштад „Македонија“, е закажана свирка со бендот „Stand by”, бенд со долгогодишно искуство, добро познати на македонската публика. Stand by, свират во главно поп-рок ритам, старо добро познати класици, како и нови хитови со изменет аранжман и звук карактеристичен за бендот, енергична и забавна музика. Бендот е со веќе докажано искуство низ скопските кафулиња,  Винотека Темов, Пивница Стар град, Jukebox Cabaret, Led Zeppelin Guitar bar, VOX night club, Chillin' bar и доста други, од каде публиката ги препознава, како  и многуте настапи низ Републиката.

Во бендот членуваат,  Филип Исаков Џајо (гитара и вокал), Илија Трајковски
(бас гитара), Дејан Которчевич (тапани) и Моника Ставревска (вокал).
       
   

Сабота за вас ќе настапува бендот Bad Influence Official . Бендот во ваков состав постои веќе 3 години, а неговите членови имаат музицирано и претходно со други бендови и се со повеќегодишно музичко искуство. Од своето формирање, бендот редовно настапува во Велес на питијада, ни и познатите скопски, Пивница и Маракана.
Во бендот членуваат: Дино Зукиќ (тапани и перскусии) Стефан Фиклов (вокал ии ритам гитара) Панче Захариев(бас и ритам) и Даниел Котевски. (ритам и соло гитара)

       
    Продолжуваме и овој викенд со добро познатите рок свирки на градските плоштади. За сабота е договорена свирка со рок бендот „Нешо ау-бау".
Тие се млад кавер бенд од Скопје, кој во своето постоење има променето неколку состави за денес да има четири утврдени членови. Свират претежно рок кавери од 70тите па се до современи рок нумери.
Бендот го сочинуваат: Бранко Велевски - соло гитара, Зорица Георгиева - вокал и ритам гитара, Марко Трендафиловски - перкусии, Дарко Поповски - бас гитара;
Редовно настапуваат на повеќе локации, меѓу кои: Shot bar Bezisten, Rock bar Krug, Rock bar Garson,, Децата од нашата улица;

Сабота - 09јули 20часот, плоштад „Македонија"

       
    Проектот Улични музичари и артисти во текот на предстојните летни денови, предвидува многу забава, дружење, музика, свирки, култура и уметност. Програмата е предвидено да се реализира на централното градско подрачје и на централните плоштади во Градот Скопје. Во рамките на овој проектот, на плоштад „Македонија", за петок, 08 јули (20часот) е закажана рок свирка со бендот Чил Плеј.
Чил Плеј [Chill Play] е македонски бенд формиран во Скопје составен од гитаристот Даниел Шилев и пеjачката Мила Миливоевиќ, кои се членови од составувањето на бендот во 2013 година, но имаат и проширен состав со уште една гитара, бас и тапани. Како кавер бенд тие се активни веќе 3 години со многубројни настапи во пабови, кафулиња и локали и со неколку настапи на фестивали низ државата. Досега имаат издадено една авторка песна "I'm in love" со која ги освоија сите телевизиски и радиски топ листи ширум земјата.
       
    По шестти пат, и оваа година, се реализира проектот „Улични музичари и артисти“. Проектот започна во тeкот на месец мај и ќе трае се до крајот на декември. Самиот проект се реализира во централното градско подрачје, на различни локации на централните плоштади и Градскиот Трговски Центар.
Програмата е наменета за граѓаните, посетителите и туристите на нашиот град. Целта на проектот е културно заживување на градот и задржување на една поинаква интерпретација на уличната уметност, во која може да ужива секој посетител.
       
   

Скопско лето е манифестација која по 37-ми пат се одржува во нашиот главниот град во летниот период, а почетокот се поклопува со Првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката.

„Во изминативе повеќе од три и пол децении, преку внимателно избраната програма на "Скопско лето", настапија огромен број на изведувачи и ансамбли, понудувајќи ја на љубителите на уметноста својата изведбена виртуозност и творечка енергија во различни жанрови и уметнички правци во областа на музиката, театарот, филмот, литературата, ликовните уметности, како и мултимедијалните перформанси и спектакли што им додаваат духовна содржина на отворените градски простори кои вообичаено се користат за секојдневните потреби на граѓаните, како и простори нaмeнети за настани од областа на културата, што во летниот период се помалку ангажирани", истакнува Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.




Календар на настани
2016

2015


Конгресeн центар Александар Македонски - Скопје; Бул. Партизански одреди бб, 1000, Скопје; тел. 02/3245615;e-mail:info@kongresencentaram.mk


Медиумски партнери